21-годишен кумановец приведен поради марихуана

Сподели со своите пријатели

Дваесет и едногодишен кумановец ноќва околу полноќ бил приведен откако полицијата му пронашла марихуана.

Loading...

– На 12.06.2022 во 00.10 часот на улица „Доне Божинов“ во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.Д.(21) од Куманово затоа што кај него била пронајдена марихуана, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Како што додаваат од полицијата, по целосно расчистување на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Викенд прогноза за Куманово: Уживајте во сонце!