СВР Куманово поднесе кривична пријава против Љ.М.(21) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.
Loading...
Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, на 17.12.2018 година во Куманово полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана.