20 литри дожд изминатото деноноќие во Куманово: Еве кога ќе престанат врнежите!

Сподели со своите пријатели

Дваесет литри дожд на метар квадратен наврнале во текот на изминатото деноноќие во Куманово, информираат денеска од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Најмногу дожд имало во Струмица, 41 литар на метар квадратен, а најмалку во Охрид и Дебар по шест литри.

Времето денеска низ државата ќе биде облачно и студено со повремени врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во југоисточните делови (над 30 л/м2).

 

 

Поради затоплување на висина, на планините врнежите повторно ќе преминуваат во дожд.

Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11 степени.

Loading...

Во Куманово и околината денеска ќе имаме облачно време со врнежи од дожд. Температурата во утринските часови ќе се движи околу 6 степени, а дневниот максимум се очекува да се искачи до осум степени целзиусови.

 

 

Утре ќе се задржи претежно облачно време, претпладне со повремен локален дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Од недела следува период на стабилно време со пораст на дневните температури.

Никола Ивановски