20 хектари нискостеблеста шума и сува трева изгореа во Сув Орах

Сподели со своите пријатели

Дваесетина хектари нискостеблеста шума и сува трева вчера изгореа во атарот на селото Сува Орах, на подрачјето на Општина Старо Нагоричане, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Пожарот избувнал околу 15 часот по што започнал неконтролирано да се шири и да зафаќа поголема површина. На терен веднаш излегла противпожарната единица од општината Старо Нагоричане со едно возило и шестмина пожарникари, но откако увиделе дека не можат лесно да се справат со огнот помош побарале од нивните колеги од кумановската противпожарна единица.

Двајца припадници на ТППЕ Куманово веднаш се упатиле да помогнат во гаснењето на огнот, по што пожарот бил ликвидиран дури околу 18:30 часот.

 

Loading...