20 гости затекнала полицијата во чајџилница во Куманово по работното време

Сподели со своите пријатели

Дваесет лица биле затекнати во кумановска чајџилница по дозволеното работно време, поради што полицијата ќе поднесе пријави против соспственикот.

Loading...

– На 06.03.2021 во 22.30 часот од полициски службеници од СВР Куманово е извршена контрола во чајџилница на ул. „Карл Маркс“ во Куманово, сопственост на Ф.Б.(29) од Куманово, при што било констатирано дека објектот работел, односно не се придржувал до пропишаното работно време и во него биле затекнати околу 20 лица, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Објектот, како што појаснуваат од кумановската полиција, од страна на Државен пазарен инспекторат е затворен.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена пријава по член 206 од Кривичниот законик – „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

Никола Ивановски


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *