20-годишно момче од Оризари тешко повредено при пад од куќа во изградба

Сподели со своите пријатели

Вчера околу 09,30 часот во СВР-Куманово е пријавено дека во селото Черкези-Куманово, од куќа во изградба, при извршување на градежни работи, паднал М.М.(20) од село Оризаре – липковско, на кого медицинска помош му е укажана во болницата во Куманово, а поради сериозноста на повредите со возило на итна медицинска помош е пренесен во Ургентниот центар Скопје, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и увидна екипа од СВР Куманово.