Дваесетгодишен мотоциклист од Куманово се здобил со тешки телесни повреди откако паднал од својот мотор.
Loading...
– На 31.07.2025 во 20:40 часот во СВР Куманово било пријавено дека на крстосница од ул.„Михајло Пупин“ и ул.„Веселин Маслеша“ во Куманово, Н.С.(20) од Куманово, управувајќи мопед со кумановски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на патот, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Н.С., констатирани во Општа болница Куманово.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.
Никола Ивановски