Околу 20.000 луѓе се собраа во Москва во неделата на протест на опозицијата, повикувајќи на „ослободување на политички затвореници“ – како и на судењето на демонстрантите кои протестираат против локалните избори во руската престолнина ова лето.
Полицијата соопшти дека скоро 20.000 луѓе биле во центарот на Москва во неделата попладне, додека невладината организација „White Counter“, која е специјализирана за набудување на протестите, проценува дека имало приближно 23,000.
Митингот, кој доби дозвола од градските власти, беше организиран од опозициска партија поддржана од противникот на Кремљ, Алексеј Навални.
Неколку десетици полицајци го набудуваа митингот.
Во Москва имаше протести скоро секоја недела од средината на јули до средината на август поради исклучувањето на независните кандидати од локалните избори.
Градските власти не дадоа дозвола за повеќето од овие протести, што резултираа со околу 2.700 приведнеи луѓе, а во некои случаи митинзите завршија со судири со полицијата.
Иако повеќето од притворените демонстранти беа брзо ослободени, близу 15 беа задржани неколку недели.
Шест демонстранти се осудени на казна затвор од две до четири години за насилство или кршење на прописите за одржување собири.