20.000 евра запленети на Табановце

Сподели со своите пријатели

Вкупно 20.000 евра, откриени од страна на мобилните царински тимови, при личен претрес на двајца српски државјани, кои со српски автомобил се пријавиле за излез од државата на граничниот премин Табановце автопат.

Loading...

Како што информираат од Царинската управа на Република Северна Македонија, во рачна ташничка на сопатникот во возилото биле пронајдени 30.000 евра, за кои не поседувал документ за потекло или потврда за пријавени готови парични средства при влез во државата, издадена од македонските царински органи.

Согласно законските прописи на возачот му биле вратени 10.000 евра, износ што нерезидент може слободно да го изнесе од државата, а за сторениот девизен прекршок ќе биде поднесено барање за поведување прекршочна постапка, додаваат од ЦУРМ.

Leave a Reply