2 починати, 5 новозаболени и 74 излечени лица од Куманово

Сподели со своите пријатели

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 111 оздравени пациенти во:

Loading...

Скопје-13, Куманово-74, Штип-1, Прилеп-18, Битола-1, Охрид-1, Крива Паланка-1, Пробиштип-1 и Демир Хисар -1.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Скопје на возраст од 62 години, а во ГОБ „8 септември“ почина пациентка од Гостивар на 59 години.

Во денешниот извештај на Институтот се евидентирани и две починати лица од околината на Куманово, на возраст од 72 и 79 години, пациентка која се лекувала во домашни услови и пациентка која се лекувала на инфективното одделение во болницата во Куманово.

Во изминатите 24 часа направени се 386 тестирања, а потврдени се 23 нови случаи на ковид-19 и тоа во:

Скопје-5, Куманово-5, Прилеп-3, Тетово-6, Велес-2 и Неготино -2. Двете лица заведени во ПЕ Неготино, се жители на Демир Капија.

Со ова вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја изнесува 1465, бројката на оздравени пациенти е 738 , на починати е 77 , а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 650.

Последната дистрибуција по градови е следна:

Loading...

• Скопје – 498

Куманово – 389

Дебар – 51

Штип-34

Прилеп –150

Тетово – 82

Струга – 66

Велес – 71

Loading...

Битола –19

Охрид –15

Кавадарци – 5

Гостивар –17

Гевгелија – 4

Струмица – 2

Крива Паланка-5

Радовиш – 4

Loading...

Крушево – 3

Кочани – 28

Пробиштип – 2

Кичево – 2

Неготино -9

Демир Хисар – 1

Loading...

Македонски Брод -2

Пехчево- 2

Делчево-1

Валандово -1

Виница – 2

Loading...

Направените 386 теста се преку: ИЈЗ –287, Ветеринарен ф-тет -11 , Авицена –14, Биотек –20, Филип Втори (Жан Митрев) –23, Систина со PCR метода -21 и МАНУ -10 . Досега во земјата се направени вкупно 16436 тестирања на ковид -19.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби се примени 2 нови пациенти, а вкупно се хоспитализирани 49. На кислородна поддршка се 28, а на механичка вентилација се 2 пациенти.
Во ГОБ „8 септември“ примени се 5 нови, а вкупно хоспитализирани се 24 пациенти. На респираторна машина се 4 пациенти, а уште 3 се со потешка клиничка слика.

Во болницата во Битола се лекуваат 4 пациенти, а на домашно лекување се следат 3. Во болницата во Штип се хоспитализирани 2 пациенти, а уште 5 се следат на домашно лекување.

На ифективните одделенија во Прилеп, Велес, Куманово, Охрид, Гостивар и Тетово се хоспитализирани вкупно 46 позитивни и суспектни на ковид-19.

Leave a Reply