197 нови случаи и 5 починати за една недела во Куманово

Сподели со своите пријатели

Во текот на изминатата недела на подрачјето на Куманово (заедно со Липково) пријавени се вкупно 197 нови случаи на коронавирус, а пет лица ја загубиле битката со болеста.

Loading...

Споредбено со неделата претходно се бележи и благ раст на бројот на новозаболени. Тогаш имало регистрирано 137 нови случаи. Кај починатите се бележи пад, со оглед дека во последната недела во февруари починале седум лица.

 

 

Заклучно вчерашниот извештај на Министерството на здравство на подрачјето на Куманово активни се 352 случаи.

Од петте починати лица изминатата недела, најмладиот имал 70, а највозрасниот 82 години.

Најголем број на случаи се регистрирани во петок на 5 март, вкупно 51 нови позитивни.

Loading...

 

 

Од почетокот на пандемијата Куманово бележи вкупно 5.784 заразени лица, или во проценти 4,04% од жителите. Од нив оздравени се 5.220 лица, а вкупно починати се 212.

Во овој момент Куманово има 352 активни случаи, што го става на 5то место во државата. Пред Куманово според бројот на активни случаи се Скопје со 4.327, Прилеп со 700, Кавадарци со 568 и  и Охрид со 463.

Податоците се собрани од дневните извештаи на Министерството за здравство и сајтот gdi-sk.

Никола Ивановски

Leave a Reply