19 новозаболени од коронавирус во земјава

Сподели со своите пријатели

Вкупно 19 новозаболени од коронавирус се регистрирани во Македонија до утрово, со што вкупната бројка драстично порасна на 67 случаи.

Loading...

Во текот на ноќта биле тестирани 71 лице на Институтот за јавно здравје и од нив 16 биле позитивни на вирусот.

Едно од заболените е од Скопје, кое било контакт на веќе потврден пациент од истиот град. Едно лице од Охрид кое дошло од Бреша, Италија кое било во контакт со заболени пациенти на коронавирусот во Италија.

Најголем дел од тестирањата направени преку Институот се во рамките на раниот скрининг, лица со поширока индикација, велат од Министерството за здравство.

На Клиниката „Жан Митрев“ биле тестирани и позитивни 17 пациенти кои ќе бидат потврдено во текот на денот.

Никола Ивановски

Leave a Reply