19-годишна кумановка тешко повредена, откако во неа удрил сограѓанин со автомобил

Сподели со своите пријатели

Деветнаесетгодишна кумановка се здобила со тешки телесни повреди, откако во неа удрило возило „Мазда“ управувано од жител на Куманово.

Loading...

– На 11.01.2021 околу 14,20 часот во Куманово на крстосницата од улица „Кирил и Методиј“ и улица „Перо Чичо“,  Д.С.(43) управувајќи патничко моторно возило „мазда“ со кумановски регистарски ознаки удрил во М.Т.(19) од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

По незгодата М.Т. била пренесена во Општа болница Куманово каде ѝ биле констатирани тешки телесни повреди.

Извршен е увид на местото на настанот.

Никола Ивановски

Leave a Reply