18 лица загинаа во Индија поради обилните врнежи

Сподели со своите пријатели

Невообичаено доцната сезона на дождови предизвика хаос во делови од северна Индија денеска, при што 18 лица загинаа во последните 24 часа како резултат на обилните врнежи, додека училиштата ја прекинаа наставата во неколку градови, јавува Ројтерс.

Loading...

Осумнаесет лица загинале во различни несреќи предизвикани од дождот, вклучително и давење и струен удар, дознава Ројтерс.

Три лица загинаа при уривање на зграда во Њу Делхи при силен дожд, но според Ројтерс, не е јасно дали дождот го предизвикал уривањето.

Непрестајните дождови и поплавите направија хаос во индиските градови во текот на изминатиот месец, вклучително и технолошкиот центар Бенгалуру во јужна Индија и деловната област Гуруграм во близина на Њу Делхи.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ЕУ доби прво барање да одобри продажба на месо одгледувано во лабораторија

Сезоната на дождови обично завршува во средината на октомври низ целата земја.

Инаку, воздухот во Њу Делхи значително се подобри рано утринава поради врнежите во текот на викендот.