18-годишник од Куманово осомничен дека подметнал пожар

Сподели со своите пријатели

Осумнаесетгодишен кумановец доби кривична пријава за „предизвикување општа опасност“ под сомнение дека подметнал пожар.

Loading...

– На 17.03.2023 година во 00.05 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода А.В. (18) од Куманово. Тој се сомничи дека извршил кривично дело „предизвикување општа опасност“, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од кумановската полиција, помеѓу улиците „Драган Стопаревиќ“ и „Бранко Богдански Гуцман“ во Куманово осомничениот предизвикал пожар, при што била запалена трева.

– По целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, стои во соопштението.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Викенд прогноза за Куманово: Уживајте во сонце!