18-годишен мотоциклист од Куманово тешко повреден во сообраќајка

Сподели со своите пријатели

Осумнаесетгодишен мотоциклист од Куманово бил тешко повреден во сообраќајна незгода што вчера се случила на патот Куманово – Свети Николе.

Loading...

– На 07.05.2023 околу 23.00 часот во СВР Куманово било пријавено дека на крстосница од регионален пат Куманово-Св.Николе со крак од ул„42“ и ул„400“ во Куманово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „ауди“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од С.И.(34) од Куманово и мотоцикл „сузуки“, управуван од М.С.(18) од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, во несреќата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Општа болница Куманово.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Мартинијан ќе настапи на фестивалот „Бисер на Јадранот“

Екипа од СВР Куманово извршила увид на местото на несреќата.

Никола Ивановски