178 казни за пребрзо возење за три дена во Куманово

Сподели со своите пријатели

За три дена во Куманово полицијата напишала 178 казни на возачи кои возеле со брзина над дозволената.

Loading...

– Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Куманово во текот на 30.04.2021, 01.05.2021 и 03.05.2021 спроведоа засилени контроли за санкционирање на возачите што возат со поголема брзина од дозволената на подрачјето на СВР Куманово. Притоа, санкционирани се 178 возачи кои управувале со брзина поголема од дозволената, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

При контролата откриени биле и законски санкционирани и 245 останати прекршоци.

– Апелираме до учесниците во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за поголема безбедност на патиштата, велат од кумановската полиција.

Никола Ивановски

Leave a Reply