17,5 литри на метар квадратен дожд во изминатото деноноќие

Сподели со своите пријатели

Според податоците од климатолошката станица од вчера до утринава до 8 часот на територијата на Куманово наврнале 17,5 литри дожд на метар квадратен, пренесува Регионалниот центар за управување со кризи.

Минималната температура во изминатите 24 часа била 3,2 степени, додека максималната 7,8 степени целзиусови.

Денеска врнежите ќе паузираат, а температурите ќе бидат во пораст. Дожд повторно се очекува во недела и во вторник.