170 кумановци казнаети за пребрзо возење изминатите четири дена

Сподели со своите пријатели

На подрачјето на Секторот за внатрешни работи Куманово во период од 31.12.2020 до 03.01.2021 преземени се мерки и активности и констатирано е дека 170 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената, информираат денеска од кумановската полиција.

Loading...

Притоа, во посочениот период, од сообраќај се исклучени 30 возачи, 11 возачи кои управувале под дејство на алохол и 19 возачи управувале возила пред да се стекнат со право за управување на моторно возило.

– Од сообраќај се исклучени седум возила бидејќи биле нерегистрирани, санкционирани се три возачи поради неправилно престигнување, двајца поради движење во спротивна насока, тројца возачи поради непочитување на сообраќајни знаци, стои во соопштението од СВР Куманово.

Во текот на изминатите четири дена издадени се 330 прекршочни платни налози, од кои 152 се за неносење на заштитна маска во време на пандемија, додека 15 возила се подигнати со специјално возило „пајак“ и 21 санкционирани возачи поради непрописно паркирање.

Никола Ивановски

Leave a Reply