17 ЗАГИНАТИ: Во Пакистан автобус со верници падна во провалија

Сподели со своите пријатели

Во југозападен Пакистан 17 лица загинаа, а 16 се повредени кога автобус падна во провалија.

Loading...

Портпаролот на провинцијата Белуџистан, Шахид Ринд изјави дека сообраќајната несреќа се случила синоќа кога верниците се упатиле кон свето место за да го одбележат Рамазан Бајрам.

Возачот изгубил контрола над автобусот и слетал во ендек на само 25 километри од дестинацијата.

Околу 15 лица се во тешка состојба, а во автобусот имало 33 лица, меѓу кои и возачот.