17 прекршувања на полицискиот час во Куманово за празниците

Сподели со своите пријатели

Во текот на празничниот продолжен викенд вкупно 17 лица го прекршиле полицискиот час на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Куманово, додека за истиот период казна за неносење маска добиле 285 лица.

Loading...

– Според статистиката на МВР за периодот (30.04/04.05.2021), по однос на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето, евидентирано е дека на ниво на Секторот за внатрешни работи Куманово 415 лица не ја почитувалe, информираат од кумановската полиција.

Најголем дел од казните биле напишани во Куманово 285 , во Крива Паланка 72 и во Кратово 58.

За истите, како што појаснуваат од СВР Куманово, ќе следуваат соодветни мерки.

За истиот период 17 (седумнаесет) лица не ја почитувале забраната за движење.

Никола Ивановски

Leave a Reply