17 новозаболени од Липково, двајца од Куманово

Сподели со своите пријатели

Деветнаесет нови случаи во изминатото деноноќие се регистрирани на подрачјето на Центарот за јавно здравје Куманово. Од нив дури 17 се од Општина Липково, а двајца од Куманово, информира Ариф Љатифи, директор на ЦЈЗ Куманово.

Во последните 24 часа се направени 953 тестирања, а регистрирани се 120 нови случаи на ковид-19, информира министерот за здравство Венко Филипче.

Loading...

– Скопје 67

– Куманово 19 (17 од Липково, 2 од Куманово)

– Штип 16

– Прилеп 4

– Тетово 9

– Велес 2

– Гостивар 1

– Неготино 1

Loading...

– Струмица 1

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина 65 годишна пациентка, примена на 28 мај, во ГОБ „8 септември“ почина пациент на возраст од 69 години, хоспитализиран на 1 јуни.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 16 оздравени пациенти.

– Скопје 8

– Штип 3

– Прилеп 2

– Тетово 1

– Велес 1

– Битола 1.

Досега во земјата се направени вкупно 33114 тестирања на ковид -19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 2 теста се во рамките на скринингот во градинки во Штип, нема позитивен резултат на ковид.

Loading...

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2611, бројката на оздравени пациенти е 1621, на починати е 147, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 843.

Никола Ивановски


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *