17-годишно девојче од Куманово загина во сообраќајка

Сподели со своите пријатели

Седумнаесет годишна девојка од Куманово загина во сообраќајна несреќа, а две други лица се тешко повредени.

Loading...

На крстосницата од ул.„2“ и ул.„10“ во селото Миладиновци и локален пат за селото Бујковци, кај железничката пруга, утринава околу 01:30 часот патничко возило „цитроен ц5“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Н.С.(20) од Куманово, излетало од коловозот.

На местото на незгодата починала 17 – годишна сопатничка од Куманово, а со тешки телесни повреди се здобил возачот и уште една сопатничка, Т.П.(19) од Куманово, по што биле пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од страна на Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.

Leave a Reply