16 точки на утрешната седница на Совет на Општина Куманово

Сподели со своите пријатели

Минимум 16 точки ќе се најдат на дневен ред на утрешната 23та седница на Советот на Општина Куманово која ќе се одржи во кружната сала на поранешен Комитет со почеток во 10 часот.

Loading...

Советниците ќе треба да расправаат и одлучуваат по предлог програмата за јавна чистота и одржување јавни сообраќајници, програми и извештаи од областа на спортот и културата .

Се очекува како и секогаш копјата најмногу да се кршат за предлог измените и дополнувањата за буџетот на Општина Куманово за 2023 година.

На седницата ќе се најде и предлог одлука за субвенционирање на семејства кои имаат запишано ученик во прво одделение во учебната 2023/2024 година во општинските основни училишта.

Целосниот дневен ред во продолжение:

1. Програма за измена и дополнување на Програмата за одржување на јавна чистота на јавни сообраќајни површини во Куманово за 2023 година – зимско одржување;

2. Предлог – Решение за давање согласност на Одлуката за изменување и дополнување на Статутот на ЈП „Чистота и зеленило“ – Куманово;

3. Предлог – Решение за давање согласност на пречистениот текст на Статутот на ЈП „Чистота и зеленило“ – Куманово;

Loading...

4. Предлог – Одлука за давање согласност на Измени и дополнувања на Годишен план за вработување во 2023 година на ЈП „Чистота и зеленило“ – Куманово;

5. Извештај за реализација на Програмата за развој на спортот и рекреативни активности на граѓаните во Општина Куманово за 2022 година со финансов извештај;

6. Предлог – Програма за измена на Програмата за развој на спортот и рекреативни активности на граѓаните во Општина Куманово за 2023 година;

7. Извештај за реализација на Програмата на културни манифестации на Општина Куманово за 2022 година;

8. Предлог – Програма за измена на Програмата на културни манифестации на Општина Куманово за 2022 година;

9. Извештај за реализирани активности од Програмата за социјална заштита на Општина Куманово за 2022 година;

10. Предлог – Измена и дополнување на Планот на програми за развој на Општина Куманово за 2023 година;

11. Предлог – Програма за изменување и дополнување на Програмата за уредување на градежно земјиште, изградба и одржување на комунална инфраструктура на град Куманово за 2023 година;

Loading...

12. Предлог – Одлука за субвенционирање на линиски превоз на патници за линии утврдени со Спогодба за утврдување на заедничко организирање на извршување на линиски превоз на патници помеѓу Општина Куманово и Општина Старо Нагоричане;

13. Предлог – Одлука за субвенционирање на семејства кои имаат запишано ученик во прво одделение во учебната 2023/2024 година во општинските основни училишта;

14. Предлог – Одлука за зголемување на основната главнина на Јавното претпријатие за изградба на инфраструктурни објекти „Куманово – гас“ Куманово;

15. Предлог – Одлука за измена на Одлуката за извршување на Буџетот на Општината Куманово за 2023 година;

16. Предлог – Измени и дополнувања на Буџетот на Општина Куманово за 2023 година.

Никола Ивановски