1,6 милијарди денари тежи Буџетот на Општина Куманово за 2019. година

Сподели со своите пријатели

Милијарда, 648 милиони, 130 илјади, 049 денари изнесува буџетот на општина Куманово на наредната година, соопшти денеска раководителката на секторот за финансии, Ирена Илиевска, што е намалување за околу 270 милиони денари споредбено со оној за 2018 година.

Loading...

Даночни приходи  се  очекуваат да достигнат 328 милиони денари, неданочните 84 милиони 800.000 денари, капитални 21 милион и 200 илјади, дотации од државата 960 милиони, трансфери 106 милиони, донации, 27 милиони 453 илајди денари.

-Буџетот е донесен согласно измените на Законот за финансирање на единиците на локална самоуправа и Законот за финансиска поддршка на општините и ќе се концентрира на враќање на старите обвски што ги има општината.Тука се и  програмите за јавните претпријатија, за дејностите, култура, спорт, социјала -вели Илиевска.

Развојната програма на општина изнесува 17 милиони и 800.000 денари во која се опфатени водоводна мрежа, реконструкција и изградба на улици, сообраќајна сигнализација.

Според градоначалникот Димитриевски, согласно новиот Закон за финансиска помош на општините буџетите треба да бидат просек од последните три години на реализација на буџетите, со дополнителни 10 проценти.

– На овој начин Владата не стимулира првенствено да дадеме приоритет на плаќање на старите обврски и со тоа да се направи реално раздолжување на општините, а откако ќе се соберат дополнителни сресдтва и приходи и ќе дојде до 100% реализација, а се надевам дека ќе имаме успешна фискална година во 2019 година, тогаш може да реагираме со ребаланс и да ги зголемиме самите буџети, рече Димитреивски.

Опозицијата најмногуи забелешки имаше на износот на блок дотациите за училишен превоз кои изнесуваат 1,2 милиони евра, како и за службените патувања во странство за што ќе се потрошат 11,6 милиони денари, за кои властите се оправдаа дека се за училиштата и нивните учества во Еразмус програмите.

Оваа година во буџетот нема предивдени средства за годишен регрес за вработените.

Loading...

Leave a Reply