16 локации низ кумановско утре без струја

Сподели со своите пријатели

Без струја привремено во текот на утрешниот ден ќе бидат дури 16 локации.

Loading...

Во период од 08:00 до 14:00 часот прекини ќе има на дел од улиците „Благоја Илиев – Гуне“ и „Тоде Мендол“, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Во период од 08:00 до 15:00 часот без струја привремено ќе бидат низа села и тоа: Клечовце, Зубовце, Новосељане, Скачковце, Колитско, Габреш, Кучкарево, Градиште, К’шање, Кокошиње, Пезово, Кутлибег, Макреш и Косматац.

Како што е потенцирано во билтенот на РУЦК, прекините се поради инвестициони зафати во дистрибутивната мрежа.

Никола Ивановски


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *