16-годишник од Кратово физички се пресметувал со три лица

Сподели со своите пријатели

Во Кратово викендов дошло до физичка пресметка меѓу шеснаесетгодишник од една страна и три други лица.

Loading...

– На 03.07.2021 околу 00.50 часот во СВР Куманово било пријавено дека во угостителски објект во Кратово, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 16-годишник, од една страна, и Д.Н.(23), А.Т.(23) и Л.С.(22), од друга страна, сите од  Кратово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Од полицијата преземаат мерки за расчистување на случајот.

Никола Ивановски

Leave a Reply