150 ракети паднаа врз Израел: Брутална одмазда на Иран, се пребројуваат мртви

Loading...
Сподели со своите пријатели

Израелските воздухопловни сили извршија тешки напади врз најмалку пет ирански градови, во операција што израелските власти ја опишаа како обид да се спречи Техеран да се стекне со нуклеарно оружје.

Како одговор, Иран во петокот ја започна Операцијата „Вистинско ветување 3“, испукувајќи околу 150 ракети на израелска територија.

Во израелскиот град Ришон Лезион, јужно од Тел Авив, беше погодена област во близина на станбени згради.

Според службата за итни случаи Маген Давид Адом (MDA), две лица загинаа, а најмалку 19 беа ранети.

Претходно беше објавено дека едно лице е убиено, но бројот на жртви е зголемен.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Иран: Нуклеарните преговори со САД сега се бесмислени

Од друга страна, постојаниот претставник на Иран во ОН, Амир Саид Иравани, изјави дека најмалку 78 лица се убиени во израелските воздушни напади врз Иран, додека повеќе од 320 се ранети.

Тој истакна дека меѓу жртвите има голем број цивили, вклучувајќи жени и деца, како и високи воени функционери.

Израелската армија вклучи тревога во неколку делови од земјата поради, како што наведоа, нов бран ирански беспилотни летала.

Loading...

Армијата објави дека воздухопловните сили активно работат на пресретнување и елиминирање на заканите „каде и да е потребно“.

Во меѓувреме, од Иран доаѓаат информации за помалите последици од израелскиот напад врз нуклеарниот објект Натанз.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Иранците признаа: Израел уби уште двајца наши генерали

Портпаролот на Организацијата за атомска енергија на Иран, Бехруз Камалванди, потврди дека имало „мало истекување“ во објектот, но дека контаминацијата не се проширила во надворешната средина.

– Главниот дел од централата се наоѓа под земја, па затоа штетата е површинска. Нема причина за загриженост, бидејќи немало контаминација на животната средина – рече Камалванди, според иранската државна агенција ИРНА, пишува Аваз.