15 загинати по обилните врнежи во Уганда

Сподели со своите пријатели

Најмалку 15 лица загинаа во западна Уганда откако нивните домови беа затрупани од лизгање на земјиштето предизвикано од обилните врнежи, соопшти денеска Црвениот крст.

Loading...

Вработените во итната помош копаат низ калта во потрага по преживеани, се додава во соопштението, а пренесува Ројтерс.

Повеќето од жртвите се жени и деца, изјави портпаролката на Црвениот крст на Уганда, Ирене Накасита.

Таа додаде дека најмалку шест лица се спасени и префрлени во блиската болница, пренесува Ројтерс.