15 пешаци вчера казнети во Куманово

Сподели со своите пријатели

Деветнаесет казни изрекла полицијата на пешаци во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Куманово.

Loading...

Секторот за внатрешни работи Куманово во текот на вчерашниот ден (15.08.2023) продолжи  со контролите во областа на сообраќајот, при што на подрачјето на СВР Куманово изречени се  19 санкции за  прекршоци што ги прават пешаците, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Од вкупниот број казнети, 15 биле на подрачјето на Куманово, а по две во Крива Паланка и во Кратово.

Никола Ивановски