Германските комунални претпријатија проценуваат дека поради високите цени на гасот, до 15 отсто од нивните клиенти нема да можат да плаќаат сметки за комунални услуги, изјави првиот човек на здружението ВКУ за медиумската групација „Функе“.
Околу 900 комунални претпријатија дистрибуираат две третини од гасот во Германија, како и снабдуваат електрична енергија, вода и топлинска енергија, го отстрануваат отпадот и обезбедуваат широкопојасен интернет пристап.
На бизнисите ќе им треба помош наесен
Компаниите купуваа гас по многу високи цени, па се очекува од октомври да им го префрлат на граѓаните преку планираните давачки за гас.
„Некои комунални претпријатија проценуваат дека до 15 отсто од клиентите нема да можат да си ги платат сметките“, рече во интервју за Funke, Ингберт Либинг, директор на Германското здружение на комунални претпријатија.
Тој смета дека треба да се воведе мораториум за прогласување несолвентност на добавувачите на енергија, додавајќи дека на компаниите ќе им биде потребна помош и наесен.
Владата треба да го намали ДДВ-то за гасот и струјата, предлага тој. Владејачките социјалдемократи веќе подготвија предлог за заштита на комуналните претпријатија од неликвидност доколку бидат принудени да купуваат гас по повисока цена, забележа Ројтерс, цитирајќи документ на СПД.
Сите информации за економско-енергетската криза во светот можете да ги прочитате ТУКА.