15 минути невреме – половина Куманово без струја

Сподели со своите пријатели

Некаде околу 18 часот од Регионалниот центар за управување со кризи пристигна соопштение во кое се гледа дека скоро половина од Куманово и околината останале без електрична енергија по денешното краткотрајно невреме кое траеше 15-ина минути, а беше проследено со силен ветер, пороен дожд и грмежи.

Прекини имало во: Старо Нагоричане, Пелинце, Рамно, Жегњане, Малотино, Долно Којнаре, Режановце, Ново Куманово, Речица, Прмакови Ниви, Железничка Станица, Карпош, дел од Средорек, Глажња,Черкезе, Љубодраг, Умин Дол, Ропаљце, Ранковце, Лукаре.

Жителите на село Режановце повеќе од пет часа се без електрична енергија. Реагираа до нашата редакција дека и покрај тоа што неколкупати пријавиле во ЕВН, никој од компанијата не излегол на терен за да ги санира дефетките. Револтирани бараат компанијата веднаш да испрати свои екипи за да се нормализира снабдувањето со електрична енергија.