15 литри дожд наврнаа во Куманово изминатото деноноќие

Сподели со своите пријатели

Вкупно 15 литри на метар квадратен дожд падна во текот на изминатите 24 часа, согласно мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи извршени заклучно 8 часот утринава.

Најмногу или, 39 литри наврнале во Демир Капија, а најмалку во Штип, само 2 литри на метар квадратен.

Утринава времето е облачно во поголем дел од земјава има врнежи од дожд, локално поројни и проследени со грмежи. Во утринскиве часови поинтензивни процеси има во југоисточните делови од земјава и северните делови од Пелагонија.

Облачно и значително посвежо, во поголем дел од земјава со врнежи од дожд, ќе биде и во текот на денот, а локално се очекуваат поројни дождови проследени со грмежи и засилен северен ветер.

Локално се можни и поинтензивни процеси во форма на невреме, како и пообилни врнежи од дожд (над 20л/м 2 ).

Кон крајот на денот врнежите на места ќе престанат. Максималните температури ќе сед вижат од 21 до 28 степени.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме облачно и врнежливо време, а максималната дневна температура се очекува да достигне до 22 степени.

Утре ќе продолжи да дува засилен северен ветер, а локално се уште ќе има повремен слаб дожд. Од среда времето ќе се стабилизира, а дневната температура ќе биде во пораст.

Leave a Reply