15 хектари сува трева и стрниште изгореа во Макреш

Сподели со своите пријатели

Сува трева и стрниште на површина од 15 хектари вчера горела во атарот на селото Макреш во општината Старо Нагоричане.

Loading...

Како што информираат денеска од Регионалниот центар за управување кризи, вчера околу 12:40 часот на терен излегле осум пожарникари од Територијалната противпожарна единица Старо Нагоричане.

Поради зафатената површина на помош била повикана и екипа од ТППЕ Куманово која интервенирала во период од 15:15 до 19:40 часот со тројца пожарникари и едно противпожарно возило.

Во гаснењето на пожарот се вклучиле и петмина мештани од селото.

Огнот е локализиран во 19:30 часот, а причина за неговото избувнување засега не е позната.

Никола Ивановски