15-годишно момче се удави во водите на Пчиња

Сподели со своите пријатели

Петнаесетгодишно момче од Куманово вчера се удавило во водите на реката Пчиња.

Loading...

Според првичните информации од СВР Куманово, несреќата се случила вчера околу 16:15 часот кога момчето заедно со уште две малолетни и едно возрасно лице, влегле во водите на Пчиња за да се капат.

Според информациите од Итната медицинска помош Куманово, момчето се удавило во близина на сепарација за песок во селото Шупли Камен.

На терен увид изврши и јавен обвинител, а повеќе информации во текот на денот.

Leave a Reply