15-годишно девојче од Куманово билo мета на педофил во Свети Николе

Сподели со своите пријатели

Вчера во 22.20 часот во Полициска станица од општа надлежност Свети Николе, Е.Б. (29) од Свети Николе пријавила дека истиот ден во периодот од 17.30 до 18.00 часот на ул.„Јане Сандански“, додека нејзината петнаесетгодишна роднина од Куманово, која била кај неа на гости, возела велосипед, пред неа се појавило непознато машко лице кое ги соблекло шорцевите и го покажувало половиот орган, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Девојчето продолжило со движењето , по што и раскажало на Е.Б. По овластување на Основното јавно обвинителство Штип во просториите на Полициска станица од општа надлежност Свети Николе, во присуство на претставник од Центарот за социјални работи во Свети Николе, извршен е разговор со девојчето, по што е извршено препознавање на лицето.

Се работи за К.Т. (28) од Свети Николе. По документирање на настанот од страна на ПС ОН Свети Николе ќе биде поднесена кривична пријава по чл.190 од Кривичниот законик на Република Македонија.