15-годишен мотоциклист излетал од патот Куманово – Крива Паланка

Сподели со своите пријатели

На магистралниот пат Куманово – Крива Паланка, вчера во 01.35 часот петнаесетгодишник од Крива Паланка управувајќи мотоцикл „Зон Шен“ без регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од коловозот.

Loading...

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Јавната здравствена установа-Крива Паланка.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Куманово.

Leave a Reply