14 прасиња и 60 кокошки изгореа во село К’шање, едно лице повредено

Сподели со своите пријатели

На 01.08.2017 година во 03,20 часот во селото Кшање-кумановско, во помошни објекти од куќата на С.Н. (63) избувнал пожар при што биле изгорени 14 прасиња, 60 кокошки и казан за ракија, информираат од Министерството за внатрешни работи.

При гаснење на пожарот, сопственикот С.Н. се здобил со површни изгореници во пределот на рацете и лицето.

Од екипа на Територијална противпожарна единица пожарот бил локализиран.