Вооружени напаѓачи убиле 14 лица и раниле четворица во централната авганистанска провинција Дејкунди, главно населена со Хазари, објави локалниот медиум „TOLO News“.
Loading...
Жртвите на нападот се жители на провинцијата Даикунди, кои сакале да ги пречекаат аџиите, пренесува Ксинхуа.
Портпаролот на Министерството за внатрешни работи, муфтијата Абдул Матин Кани, синоќа го потврди инцидентот, но не даде повеќе детали.
Одговорноста за нападот ја презеде Исламска држава.