137 казни викендов за возачите во Куманово

Сподели со своите пријатели

Вкупно 137 казни напишала полицијата на возачите во Куманово во текот на изминатиот викенд поради непочитување на сообраќајните прописи.

Loading...

– Во текот на изминатиот викенд (12/13.08.2023), полициски службеници од Куманово спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните прописи, при што на подрачјето на Куманово санкционирани се вкупно 137 возачи, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Најголем дел од казните, или 91 од нив, биле за возачи кои управувале возило со брзина поголема од пропишаната.

23 санкции за возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, 12 за управување возило без возачка дозвола, 3 за нерегистрирано возило и 8 мотоциклисти за неносење заштитен шлем.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Утре без струја поголем дел од Куманово и околината

– Санкциониран е и едeн возaч поради пребрзо возење, односно во населено место  во Куманово со  радар му биле измерени 118 километри на час, велат од МВР.

Сообраќајните контроли, појаснуваат оттаму, продолжуваат и во наредните денови.

– Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, стои во соопштението на полицијата.

Никола Ивановски

Loading...