13 возачи вчера казнети во Куманово поради пребрзо возење

Сподели со своите пријатели

Тринаесет возачи во текот на вчерашниот ден биле казнети на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Куманово, поради возење со брзина над дозволената.

Loading...

– Вчера (21.09), полициски службеници од СВР Куманово спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило со брзина поголема од пропишаната, при што на подрачјето на СВР Куманово санкционирани се 13 возачи, информираат денеска од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Сообраќајните контроли, додаваат оттаму, продолжуваат и во наредните денови.

– Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и зедно да придонесеме за посигурни патишта, стои во соопштението на кумановската полиција.

Никола Ивановски