13 санкции за непрописно престигнување на територија на СВР Куманово

Сподели со своите пријатели

Кумановската полиција во текот на вчерашниот дне напишала казни на 13 возачи поради непрописно престигнување.

Loading...

– Вчера (12.09.) полициски службеници од СВР Куманово спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои вршат непрописно престигнување на територија на СВР Куманово, при што санкционирани се 13 возачи, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Сообраќајни контроли, велат оттаму, продолжуваат и во наредните денови.

– Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, стои во соопштението.

Никола Ивановски