13 прекршувања на полицискиот час ноќва во Куманово

Сподели со своите пријатели

Тринаесет лица во текот на ноќта го прекршиле полицискиот час, додека пак поради непочитување на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето биле казнети 65 лица во Куманово.

Loading...

– Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (28.04/29.04.2021), по однос на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето, евидентирано е дека на ниво на Секторот за внатрешни работи Куманово 114 лица не ја почитувалe, информираат од кумановската полиција.

Од вкупниот број издадени прекршочни налози, најмногу се во Куманово 65 , во Крива Паланка 33 и во Кратово 16.

За истите, како што појаснуваат од Секторот за внатрешни работи Куманово, ќе следуваат соодветни мерки.

За истиот период 13 (тринаесет) лица не ја почитувале забраната за движење.

Никола Ивановски

Leave a Reply