13 литри дожд до утринава наврнаа во Куманово, врнежи и во следните денови

Сподели со своите пријатели

Тринаесет литри дожд на метар квадратен до утринава до осум часот наврнаа во Куманово, покажуваат податоците на Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Повеќе дожд имало само во Берово 18, Пожаране 15 и Крушево со 14 литри на метар квадратен.

Кумановци утринава се разбудија на температура од 9 степени целзиусови.

Во текот на денот во Куманово и околината ќе имаме облачно време со врнежи од дожд, кои ќе траат и во вечерните часови. Максималната дневна температура денеска ќе достигне 11 степени целзиусови.

 

 

Слично време во Куманово ќе имаме и утре и во четврток, кога температурите ќе бидат скоро непроменети, а дождот и натаму ќе паѓа.

Loading...

Стабилизирање на состојбата ќе има во петок кога ќе има и благ пораст на дневната температура на 18 степени.

За претстојниот викенд во сабота ќе имаме сончево до умерено облачно време со максимална температура од 21 степен, а во недела од 19 степени.

 

 

На ниво на државата, времето денеска ќе биде облачно со врнежи од дожд, кои повремено ќе бидат пообилни, на места (над 25 л/м 2 ).

Локално врнежите ќе бидат во форма на невреме со силен ветер (над 70 км/час). Во текот на денот ќе дува засилен југоисточен ветер.

Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 13 степени.

Loading...

Никола Ивановски

Leave a Reply