13 години Отсек за превенција при СВР Куманово

Сподели со своите пријатели

Отсекот за превенција при Секторот за внатрешни работи Куманово денеска одбележа 13 години од своето постење и работење.

Loading...

Деветти декември е земен како ден на превентивното дејствување на полицијата во 2008 година, кога прв пат се формирани посебните организациски единици за работа и првите инспектори за превенција ги имаат добиено своите сертификати.

– Полицијата од 2002 активно работи на превентивните активности, почнувајќи од првите советодавни граѓански групи, отворен ден со полиција, средби со граѓани, кии всушност требаше да ја зголемат довербата на граѓаните во работа на полицијата. Инаку со формирање на посебни организациски единици ги покриваме сите три области на полициско работење, јавен ред и мир, криминалистички работи и безбедноста во патниот сообраќај, изјави Виолета Богдановска, началник на Отсекот за превенција.

Целна група на превентивните акции се сите граѓани, појаснува Богдановска, но вели, сепак акцент се става на најмладите бидејќи темелите се градат од помала возраст.

– Со формирање на локалните совети за превенција и нашата тенденција за локална поврзаност на сите институции кои работат за безбедност на граѓаните, а пред се на младите, ние денеска слободно може да кажеме дека сме на многу високо ниво на соработка, не само со локалните совети за превенција, туку и со телата формирани во секоја општина, а тоа се пред се Општинскиот совет за детско претстапништво, Општинскиот совет за безбедност во сообраќај, Локална комисија за борба против трговија со луѓе и она што трета година го работиме Акциски тим за превенција од насилен екстремизам, вели Богдановска.

Како што додава, таа е задоволен од сработеното во текот на изминатите 13 години и вели дека има исклучително подобрување во соработката со граѓаните. Според Богдановска многу е важна локалната поврзаност меѓу институциите и соработката со граѓаните.

Инаку Отсекот за превенција функционира во сите шест општини кои ги покрива Секторот за внатрешни работи Куманово.

Никола Ивановски

Loading...