125 возачи казнети викендов во Куманово, најмногу за брзо возење

Сподели со своите пријатели

Вкупно 125 возачи биле казнети викендов на подрачјето на Куманово поради непочитување на сообраќајните правила и прописи.

Loading...

– Во текот на изминатиот викенд, полициски службеници од СВР Куманово спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните прописи, при штон а подрачјето на Куманово санкционирани се вкупно 125 возачи, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Најголем дел од казните, вкупно 82, биле изречени на возачи кои управувале возило со брзина поголема од пропишаната, додека 23 санкции биле изречени за возачи кои управувале возило под дејство на алкохол.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Делови од пруга, стрништа и приватен имот изгореле во пожарот во Агино село

13 казни добиле лица кои управувале возило без возачка дозвола, а 7 за нерегистрирани возила.

Сообраќајните контроли, како што додаваат од полицијата, продолжуваат и во наредните денови.

– Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, стои во соопштението на кумановската полиција.

Никола Ивановски