12 тешки кражби неделава низ кумановско, расчистени девет од нив

Сподели со своите пријатели

На подрачјето на Секторот за внатрешни работи Куманово во текот на оваа недела биле извршени 12 тешки кражби, од кои девет се расчистени, информираат денеска од полицијата.

Loading...

Како што појаснуваат се работи за тешки кражби извршени во објекти, додека две биле извршени на дрзок начин.

– Полициските службеници од Одделот за криминалистичка полиција од Куманово од слобода лишиле шест лица поради постоење основи на сомнение дека се извршители на делата, а две лица ќе бидат дополнително приведени, информираат од СВР Куманово.

Секторот за внатрешни работи Куманово презема засилени мерки и активности за расчистување и на други кривични дела.

Никола Ивановски

Leave a Reply