12 локации на кои се случуваат мистериозни, паранормални и вознемирувачки појави (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Vile vortex (силен вртлог) претставуваат 12 географски подрчаја кои се распоредени ширум планетата. Терминот го смислил Иван Т. Сандерсон кој ги каталогизирал како места со необјасниви исчезнувања и други мистериозни појави.

Научниците се уште не можат да објаснат што всушност во тие места се случувало. Овие подрачја се на лош глас поради чудни, скоро паранормални феномени, исчезнувања и други вознемирувачки приказни.

Бермуднскиот триаголник станал познат по сјајната вода, откажување на компасот, киднапирања од вонземјани и слично. Другите области и не се толку популарни, но нивните приказни се донекаде слични.

Локации кои не можете да ги погледнете преку Google maps (фото)

Loading...

Иван Т. Сандерсон бил биолог, посател, љубител на животни и голем фан на паранормални појави. Бил на експедиции и снимил се што видел. Пишувал извештаи, правел цртежи и фотографии, а дури се занимавал и со научна фантастика.

На своите патувања кон почетокот на 70те години започнал да забележува дека во одредени области се случуваат чудни работи. Таму ичезнуваат бродови, авиони, луѓе, а наводно се појавиле и НЛО.

Сандерсон тврди дека 12те „силни вртлози“ се наоѓаат долж одредени линии на географската широчина. Пет се наоѓаат на иста широчина јужно од екваторот, пет на истата географска широчина на северот, додека останатите се околу Северниот и Јужниот пол.

 

 

Тие всушност еднакво се распоредени на јужната и северната страна, па некои сметаат дека е логично тоа да најавува хаос.

Оваа идеја ја преземале и други писатели кои тврделе дека „силните вртлози“ се поврзаин со „суптилна енергија“ како и „електромагнетна аберација“. Овој феномен се однесува на геометриските обрасци, кои ги истражувал Платон, во книгата „Анти-гравитациска и светска мрежа“.

Паул Бег во низата написи во магазинот „Необјасниво“ ја критикува методологијата на писателите ан тема неојбасниви ичеснувања.

Ги проверил оргиналните податоци за наведените инциденти. Често пронаоѓал податоци дека некои бродови кои мистериозно ичезнувале имале добро објаснување за тоа.

Некои се изгубиле во бура, иако некои писатели тврдат дека времето во тој момент било уаво. Во други случаи, локациите на исчезнување се променети за да се вклопат во теоријата на „силни вртлози“. Понекогашне можеле да се пронајдат податоци дека тој брод воопшто постоел.

 

 

ЛОКАЦИИ

Локациите за кои се тврди дека спаѓаат во подрчјата на „силните вртлози“ се: Бермундски триаголник, мегалити јужно од Тимбуктау, долината Индуса во градот Мохењо Даро, вулканот Хамакулиа источно од Хаваи, Ѓаволско море јужно од Јапонија, Јужна Атлантска аномалија, Вартон Басин, мегалити на Велигденскиот остров, Источниот дел на Рио де Женеиро, Лојалити островите, Северен пол и Јужен пол.

Во една драматична епизода на каналот „Хистори“ објаснил зошто овој феномен е истражен како резултат на магнетизмот, кој исто така го цитира Сандерсон.

Оваа емисија истакнува дека „големите вртлози“ се причина за насилното однесување на животните, како и дека тие наводно влијаат врз глобалното затоплување.

БЕРМУДНСКИ ТРИАГОЛНИК

Бермундскиот триаголник има долга и мрачна историја. На оваа место ичезнувале цели флоти, авиони и слично поради што е познат по мистериозни катастрофи. Според тврдењата на многумина, нешто чудно се случува под водата, што донекаде ги контролира останатите природни појави. Во последните 100 години, дури 1.000 луѓе во оваа подрачје го изгубиле животот.

 

Loading...

 

МЕГАЛИТИ ЈУЖНО ОД ТИМБУКТУ

Древните рушеиви содржат доста мистерии. Ако би влегле во Тимбукту, а потоа на север можете да наидете на гробиштата на Дјебел Мазал Салуста, каде постојат пештерски слики и други значајни симболи. Археолозите се одушевени со оваа место, но сите се сложуваат дека некоја чудна аура виси над него.

Се случува авионите да исчезнуваат при прелетувањето на Сахара, а некои сметаат дека токму овој „вртлог“ е причината.

 

 

ДОЛИНАТА НА ИНДУСИТЕ ВО ГРАДОТ МОХЕЊО ДАРО

Западно од реката Инд, во долината Индус, се наоѓаат остатоци од голем и украсен град по името Мохењо Даро. Се вели дека од овој древен град започнало проповедањето на хиндуистичката вера.

По неговото откритие во 1920. година започнало и ископувањето, а археолозите налетале на тела од 40 луѓе. Со оглед дека сликите на богот Шива се наоѓаат ширум градот,а  тој е бог на разорувањето, многумина веруваат дека градот има темна страна.

 

 

Loading...

ВУЛКАНОТ ХАМАКУЛИА

Овој вртлог се наоѓа на брегот на Хаваите и се смета дека тука доаѓа до исчезнување на бродови и авиони. Меѓутоа, изворот на неговата моќ често се поврзува со вулканот Хамакулиа. Локалното население вели дека можат да видат чудни светла над вулканот.

ЃАВОЛСКО МОРЕ

Јапонија своето Ѓаволско море го сфаќа многу сриозно. Оваа подрачје е преполавено со древни верувања кои датираат од пред 1.000 години п.н.е. Древните Кинези верувале дека во тој регион постојат змејови кои ги влечеле бродовите во смрт во периодот на 1200те години.

Иако поголемиот дел веруваат дека тоа време завршило и денес се случува бродови во тоа подрачје просто да исчезнат без трага.

 

 

ЈУЖНО ОД АТЛАНТСКАТА АНОМАЛИЈА

Овој вртлог е особено интересен затоа што НАСА сериозно го проучува. Земјата е опкружена со внатрешнен и надворешен радијациски појас. Во Јужен Атлантик, внатрешниот радијациски појас се приближува до површината на Земјата, отврајаќи простор во кој магнетното поле на Земјата слабее, што доведува до ток на енергетски честички.

Сателитите често минуваат низ овој појасти доживуваат дефекти, а астронаутите гледаат чудна светлина. Ова исто така рпедизвикува проблеми на авионите, кои често мистериозни ичезнуваат или имаат дефекти.

ВАРТОН БАСИН

Близу североисточниот агол на Индискиот океан се наоѓа Варон Басин. Тука има доста потреси поради судирните плочи, па во голема мера се проучува локацијата.

Истражувачите немаат мапа од ова океанско подрачје и се немаат потрудено да ја направат уште од 60те години. Оваа област станала позната и при исчезнувањето на малезискиот авион MH370 кој исчезна во 2014. година.

 

 

ВЕЛИГДЕНСКИОТ ОСТРОВ

Нема сомнежи дека сте слушнале за главите од Велигденскиот остров и мистериите кои ги опкружуваат, како и за цивилизацијата која ги изградила. Таа на крајот исчезнала поради лошото управување со ресурсите и поради други економски прашања.

Некои луѓе веруваат дека овие камени статуи се дело на вонземјанин, што е поврзано со уверувањата на Иван Т. Сандерсон дека НЛО е поврзан со овие „силни вртлози“.

 

Loading...

 

ИСТОКОТ НА РИО ДЕ ЖЕНЕИРО

Источно од Рио де Женеиро се наоѓа прекрасен океан со бројни луксузни плажи. Тука туристите доаѓаат во голем број, но малку кој од нив знае дека оваа место е едно од „силните вртлози“. Тука во 2014. година исчезнал мал брод, а семејствата и денес приговараат до властите затоа што не ги интересира да го пронајдат истиот.

ЛОЈАЛНИ ОСТРОВИ

Тоа е архипелаг во Пацификот. Тие се дело на територијата Нова Каледонија чие што копно е одалечено околу 100 километри. Околу 18.000 луѓе живеат тука.

 

 

СЕВЕРЕН ПОЛ

Северниот пол ја претставува најсеверната точна на Земјата и може да биде географски, магнетно, геомагнетен Северен пол, како и Северн пол на напристапноста.

Иако се смета дека постои единствен Северен пол и дека тој е на глобусот претставен како точна низ која минува оската на Земјината ротација, во природата постојат повеќе северни полови.

 

Loading...

 

ЈУЖЕН ПОЛ

Јужниот пол е најјужната точка на Земјата, што опфаќа поими на јужниот географски и јужен геомагнетен полТој е една од двете точки каде оската на Земјината ротација минува низ површината на планетата. Тоа е најјужната точка на површината на Земјата и жени на спротивната страна од Северниот пол.

Јужниот пол се наоѓа на континентот Антарктик. На оваа локација се наоѓа и американската поларна станица Амундсен-скот која била воспоставена во 1956. година и била перманентно во употреба од тоа време. Географски Јужен пол не е исто што и Јужен магнетен пол.

https://youtu.be/ZrLeyYDDslU

Leave a Reply