11 случаи изминатата недела во Куманово, активни само 35

Сподели со своите пријатели

Во текот на изминатата недела (14.06 – 20.06) бројот на нови случаи во Куманово е 11, а активните случаи во Куманово се намалени и нивниот број изнесува само 35 заклучно вчерашната статистика на Министерството за здравство.

Вкупно 11 нови случаи позитивни на коронавирус се регистрирани во Куманово (заедно со Липково) во текот на изминатата недела.

 

 

Тоа е намалување ако се земе предвид дека неделата претходно во Куманово беа регистрирани 24 случаи.

Во изминатата недела битката со вирусот ја загубило само едно лице.

Најмногу нови случаи за еден ден се регистрирани во вторник и петок, по четири заболени.

Досега оздравени во Куманово се вкупно 8.476 од лицата кои биле позитивни на вирусот.

 

 

Вкупно 354 пациенти од Куманово починале од почетокот на епидемијата како резултат на компликации со вирусот, со што е на третото место зад Скопје и Прилеп.

Од почетокот на пандемијата во Куманово се регистрирани вкупно 8.878 случаи позитивни на коронавирусот со што е на второто место во државата според бројот на заразени, веднаш по Скопје со 68.636 случаи.

Од вкупната бројка на заразени, во овој момент активни се 287 случаи во целата држава. Пред Куманово во однос на активни случаи е само Скопје.

 

 

На ниво на државата од почетокот на епидемијата се регистрирани 155.624 случаи, од кои во моментот се активни 287. Излекувани се 149.862, а починати 5.475 пациенти.

Никола Ивановски

Извор: Министерство за здравство и gdi-sk

Leave a Reply