11 мигранти во моментот има во транзитниот центар во Табановце

Сподели со своите пријатели

Вкупно 11 мигранти има во овој момент во Транзитно-прифатниот центар за бегалци Табановце, информираат утринава од Регионалниот центар за управување со кризи.

Loading...

Како што стои во соопштението во текот на изминатата седмица нема издадено никакви, пропусници, а таму има 11 лица.

– Во овој временски период се превземени редовни координативни мерки и активности во ТПЦ Табановце, стои во извештајот.

Во реонот на јужната граница, припадниците на мешовитите патроли на МВР и на Армијата, на ден 19/20.10.2021 година имаат фатено 52 мигранти, на ден 20/21.10.2021 година имаат фатено 34 мигранти, на ден 21/22.10.2021 година имаат фатено 70 мигранти, на ден 22/23.10.2021 година имаат фатено 59 мигранти, на ден 23/24.10.2021 година имаат фатено 29 мигранти, на ден 24/25.10.2021 година имаат фатено 49 мигранти, на ден 25/26.10.2021 година имаат фатено 115 мигранти, и на ден 26/27.10.2021 година имаат фатено 72 мигранти.

Според информацијата на Министерството за внатрешни работи, во изминатиот период од 18.10.2021 год.до 25.10.2021 година регистрирани се вкупно 441 мигрант кои нелегално престојувале на подрачјето на Македонија.

Од вкупниот број мигранти 110 се од Авганистан, 13 од Куба, 14 од Индија, 3 Гвинеја, 95 Пакистан, 147 Сирија, 8 Бангладеш, 1 Мали, 8 Гана, 12 Сомалија, 1 Алжир, 8 Мароко, 2 Палестина, 1 Јемен, 1 Ирак, 11 Турција, 2 Кина и 4 од Либија.

Нема мигранти сместени во ПТЦ кои се позитивни на Ковид-19.

Никола Ивановски

Loading...